„Припадниците на Министерството за внатрешни работи во текот на денов ги завршија сите потребни контроли и проверки по однос на мноштвото електронски дојави за наводно поставени експлозивни направи во многу основни и средни училишта во државава, при што е констатирано дека во сите случаи станува збор за лажни пријави“, наведува МВР.
Министерството информира дека по пријавите со закани што утрово училиштата ги добиле по електронски пат, бил формиран и оперативен штаб и ангажирани сите надлежни и стручни полициски служби заради „ефикасно, планско и координирано делување“.
„Министерството уште еднаш апелира до граѓаните за избегнување секакви дезинформации и шпекулации по однос на оваа појава“, соопшти Министерството за внатрешни работи.