петок, 18 октомври 2024

МВР поднесе пет кривични пријави за приредување на игри на среќа без лиценца

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе кривична пријава против фирма од Стар Дојран и К.К. од Скопје, сопственик и управител на фирмата поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела перење пари и приредување на игри на среќа без лиценца. Кривични пријави заработија и против К.А. и М.К. од Дојран како и Ф.П. од Скопје, сите вработени во фирмата, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела перење пари и соизвршителство.

Објавено на

часот

Сподели

Во периодот од 1 јануари 2017 до 17 април 2019 година, сопственикот К.К. во просториите на својата фирма организирал приредување на игри на среќа без да поседува лиценца, односно дозвола од надлежен орган, со што противправно се стекнал со парична имотна корист на својата лична сметка.
„На оваа сметка и пријавените К.А., М.К. и Ф.П. извршиле уплати во вкупен износ од 1.671.717 евра. Со ваквото дејствие тие го сториле кривичното дело перење пари и други приноси од казниво дело. Имено, парите кои биле стекнати од приредувањето на игрите на среќа без лиценца ги пуштиле во легален платен промет, уплатувајќи ги на сметката на пријавениот К.К., кој понатаму ги трансферирал како позајмици кон пријавената фирма, која во најголем дел ги користела за враќање на хипотекарен кредит, како и за тековно работење“, соопшти МВР. 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ