„Поднесена е кривична пријава против Р.И. од Дебар и Т.Б. од струшкото село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело демнење. Пријавениот Р.И. своерачно напишал повеќе анонимни писма со лажна и тенденциозна содржина, со користење на лични податоци на лице вработено во ОВР Дебар“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него на 22 јуни годинава Р.И. му ги предал писмата на Т.Б., кој, како помагач и соизвршител на делото, писмата ги доставил во поштата во Струга и ги пуштил на неколку службени адреси.
„Со ваквото постапување, пријавените кај оштетениот предизвикале психичка вознемиреност и чувство на несигурност“, додаде Димоски.