недела, 22 декември 2024

МВР нема идентитет на човекот кој вееше знаме на голема Албанија, ама Спасовски знае дека лицето не работи во МВР

Објавено на

часот

Сподели

На новинарско прашање по настан на МВР и Агенцијата за млади и спорт, Спасовски повтори дека лицето не е вработено во Министерството за внатрешни работи истакнувајќи дека ќе се утврди идентититетот и оти ќе има правда и во случај да е странски државјанин.

„Не велиме и не демантирам, едноставно човекот што го носеше знамето не е вработен во МВР. А кого би знаеле ако не ги знаеме вработените во МВР? Јас се надевам дека и раководството во телевизијата во којашто работите ве знаат сите кои сте.  Според тоа, знаејќи дека инспекторот или лицето кое се посочува не е тоа лице ние затоа објавивме и фотографија, јавна објава, за да видиме во однос на препознавањето на ова лице и понатаму утврдуваме кој би бил идентитетот на ова лице. Имаше лица кои и не се од Република Северна Македонија дојдени од надвор на тие средби. Како што ќе добиваме информација ќе добиете секако повратна информација и вие“, изјави Спасовски.

Прашан дали објавата резултирала со некаква дојава Спасовски рече дека има информации што веќе ги прибираат и оти ќе се утврди идентитетот на лицето кое ќе одговара за кривично дело. 

„Станува збор за информации што ги прибираме, имаме информации што веќе ги прибираат колегите и од СВР Тетово и на ниво на МВР, јас мислам дека ќе се утврди идентитетот на ова лице, класификацијата секако дека е кривично дело согласно со препораките што ги даде јавниот обвинител и на основа на тоа ќе се преземат мерки“, рече Спасовски.

Ако лицето е странски државјанин, како што истакна, ќе се искористат сите правни механизни да биде изведено пред правосудните органи.

„Секако дека ќе дојде до правда затоа што ако е странски државјанин  постојат механизми преку распишување на потерници, објави итн и секако дека ќе ги искористиме сите правни механизми за да дојде до реализација на целиот овој случај и да биде изведен пред лицето на правдата“, изјави Спасовски. 

Знаме со карта на таканаречена Голема Албанија која опфаќа делови од Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се вееше на концертот кој Општина Тетово го организираше на 12 месецов, по повод пречекот на косовскиот премиер Албин Курти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ