петок, 28 февруари 2025

МВР: Кривична пријава против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид

СВР Охрид поднел кривична пријава против Г.С. (48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Објавено на

часот

Сподели

МВР соопшти дека пријавениот, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, без одлука на управниот одбор на установата, без уредна покана и спротивно на уредбата за издатоци за службени патувања, патувал во странство и на тој начин нанел штета на буџетот на установата во износ од 46.520 денари.

Директор на Центарот за култура во Охрид е актерот Горан Стојановски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ