„Во тек се дејствија на меѓународен заеднички истражен тим, кој на наша територија е координиран од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во тек се повеќе полициски и други дејствија и во овој момент не можат да бидат споделени повеќе детали за да не се наруши постапката. Штом завршат оперативните дејствија, вклучените институции координирано ќе ја информираат јавноста“, велат од Јавното обвинителство.
И од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека во тек е полициска акција, но повеќе информации најавуваат по завршување на акцијата.
МКД.мк објави дека се работи за акција за откривање и запленување на фалсификувани пари во Македонија и Србија.
Голема меѓународна полициска акција во Македонија, се барат фалсификувани евра
Акција „Вардар“ во Србија, приведени се шест лица за фалсификување евра