среда, 5 февруари 2025

МВР ги претресува и своите началници, се проверуваат тендерите за сервисирање на возилата

Утрово работниот ден на вработените во МВР почна со претреси и одземање на службена документација во канцеларии на началници и вработени во повеќе организациски единици. Како што дознаваме, почната е истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендерски постапки за сервис на службените возила на полицијата и МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Вработени во Бирото за јавна безбедност вршат претреси и кај познати автосервиси кои со години ги сервисирале возилата на полицијата.
Веќе подолго време во МВР има гнев меѓу вработените во однос на достапноста на службените возила за секојдневните обврски – некои организациски единици останувале без службените возила со месеци, а откако биле известувани да си ги подигнат возилата наводно исправни, гледале дека нема промени и повторно ги враќале на сервисирање. Вработените се сомневаат во исполнувањето и контролата на меѓусебните обврски на МВР и сервисите, што за нив е очигледна корупциска зделка.
Има сознанија дека економските оператори во соработка со поедини надлежни и одговорни лица од МВР договарале како повторно да добијат нови милионски тендери. Со денешната акција за прв пат во историјата на јавните набавки во Македонија имаме случај на спречен обид за потпишување на нов договор за јавна набавка штетен по една институција.
„Нема да биде како до сега! Ќе сноси одговорност секој, без разлика дали е полицаец, началник или кој било друг. Законите важат и ќе важат за сите“, изјави неодамна Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи.
А.Д.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ