петок, 7 февруари 2025

МВР: Досега сите дојави за бомби се лажни

Министерството за внатрешни работи потврдува дека до нив се пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата. Надлежните преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството.
Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави.
Апелираме за смиреност и воздржување од ширење на дезинформации околу ваквите настани што инаку вчера беа евидентирани и во други земји во регионот“, соопшти МВР.
Вчера и во Хрватска беа добиени дојави за бомби по нивните училишта.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ