Бидејќи за Музејот од особена важност е стимулирање на критичка уметност го покануваме Зоран Шеќеров да аплицира со овие дела за самостојна изложба. Вратите на Музејот се секогаш отворени за млади и креативни уметници од Македонија со цел промоција на македонската култура, вели Велков.
„Се работи за проектот Каљари – Скопјe, “Cagliari – Skopje” – кој е плод на размена во областа на културата помеѓу Италија и Македонија.
Во текот на есента 2022 година беа реализирани две резиденции на уметници, една во Каљари, Сардинија и една во Скопје, каде македонски и италијански млади уметници заеднички твореа уметнички дела, инспирирани од културата и природата на околината во која се наоѓаат резиденциите – во Република Македонија тоа беа градот Скопје и Скопската околија, а во Сардинија, градот Каљари и островот Антиоко.
Резултатите од овие две уметнички работилници беа прикажани во Музејот на Град Скопје во текот на вчерашниот ден. Уметниците од Сардинија ги прикажаа cвоите импресии од Македонија, а скопските уметници своите импресии од Сардинија“, се вели во објаснувањето на директорот на Музејот на град Скопје.