среда, 12 февруари 2025

Муртезани – Палминтери: Потребно е унапредување на моменталната динамика на процесот на проширување на ЕУ

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани и новоименуваниот амбасадор на Република Италија, Паоло Палминтери, на денешната средба во Скопје ја потврдиле заедничката посветеност кон продлабочување на билатералната соработка, со крајна цел забрзување на процесот на европска интеграција на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Муртезани, како што соопшти МЕП, ја поздравил континуираната и принципиелна поддршка на Италија за политиката на проширување на Европската Унија, како една од нејзините основачки земји-членки.

Соговорниците констатирале дека овој ангажман е од суштинско значење за зачувување и унапредување на моменталната динамика на процесот на проширување. Во тој контекст, била потенцирана активната улога на Италија во рамките на групата „Пријатели на проширувањето“, што уште еднаш било потврдено со одржувањето на вчерашниот состанок во Рим.

Муртезани и Палминтери ја реафирмирале успешната соработка во рамки на европските инструменти, како што се ИПА-твининг и ТАИЕКС (IPA Twinning и TAIEX), каде досега се реализирани осум твининг-проекти со италијански партнери во областа на животната средина, земјоделството, организираниот криминал и развојот на приватниот сектор.

На средбата, Муртезани ја охрабрил италијанската страна за понатамошно учество во овие програми, кои значително придонесуваат кон усогласување со европските стандарди. Дополнително, било истакнато дека Македонија веќе е дел од меѓурегионалните и транснационалните територијални програми –УРБАКТ, Интерекју Европа,Еуро-Мед и Адрион (URBACT, Interreg Europe, Euro-Med и Adrion) што отвора нови можности за зајакнување на партнерствата меѓу институциите и граѓаните на двете земји.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ