недела, 29 декември 2024

Муртезани: Договорите создаваат обврски за двете страни – Бугарија е обвзразна да нè поддржува, а не да нè блокира во ЕУ

Мора да го штитиме процесот на пристапување кон ЕУ од натамошна билатеризација, бидејќи таа станува проблем и за самата Европска Унија, вели во интервју за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Објавено на

часот

Сподели

„Билатерализацијата на процесот на пристапни преговори во Европската Унија не станува проблем само за земјите-кандидати, туку почнува да станува сериозен проблем и за самата Унија, особено сега кога при затворањето на поглавјата на Црна Гора, и Хрватска најави одредени блокади. Исто така, и за други земји-кандидати има во најава одредени блокади и билатерализацијата на процесот на пристапување во Европската Унија не создава штета само за земјите-кандидати, туку и за Европската Унија“, вели Муртезани.

Тој посочува дека земјите-членки и институциите коишто ја претставуваат Унијата се свесни за овие проблеми и нашите аргументи ги слушаат со големо внимание.

„Ние во неколку наврати, заедно со премиерот сме се обиделе да објасниме дека преземените обврски во однос на спроведувањето на уставните измени стојат како такви, постои политичка волја и спремност тие да се носат, меѓутоа притоа мора ние да го заштитиме процесот од понатамошна билатерализација, особено од една дополнителна причина – бидејќи дизајнирањето на процесот на пристапување е при спроведување на одредени реформи и одредени европски стандарди“, нагласува Муртезани за МИА.

Според него, нема никаква смисла ако овој процес ние го тераме врз основа на одредени историски случувања во 11, 12 или 13 век.

„Затоа, ако процесот треба да нè направи кредибилна земја за влез во Европската Унија, тој мора да се насочи кон реформите и постигнувањето на стандардите. За ова има разбирање во Брисел, има поддршка не само во нашиот случај и пошироко да се реши. Останува на нас преку билатерални иницијативи да се надеваме дека овие обиди во соседна Бугарија ќе завршат со солидна стабилна политичка влада со која ќе седнеме да разговараме, бидејќи билатералните договори создаваат обврски за двете страни, а со Договор за добрососедство и пријателство Бугарија е обврзна да нè поддржува, а не да нè блокира“, вели министерот за европски прашања во интервју за МИА.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ