недела, 22 декември 2024
Тешко ја прифаќа разделбата со „волчицата“

Мурињо со отровни стрели кон Рома: Неочекуван и нефер отказ од луѓе кои не се разбираат од фудбал

Жозе Мурињо тешко ја прифаќа разделбата со Рома, вели дека неговиот отказ бил неочекуван и нефер, и додава дека сопствениците на клубот не се разбираат од фудбал.

Објавено на

часот

Сподели

По поразот од Милан на средината од јануари, Жозе Мурињо доби отказ од Рома, и на негово место беше назначен Даниеле Де Роси.

Неодамна беше објавено дека „специјалниот“ во шкафчето на капитенот Пелегрини го оставил прстенот кој го добил како подарок од составот за триумфот во Конференциска Лига, како и порака: „Кога ќе станеш маж, ќе ми го вратиш ова!“

Португалецот очигледно тешко ја прифаќа разделбата со „волчицата“ па сега испрати нови отровни стрелци.

За „Football.com“ тој направи анализа на продолжението од сезоната во европските натпреварувања и рече: „Лигата на шампионите веројатно е најважното натпреварување во светот“.

„Нема да бидам дел од нок-аут фазата, не поради тоа што бев елиминиран на теренот, туку поради тоа што бев „елиминиран“ од некој кој не се разбира од фудбал!“

„Но таков е животот, имате подеми и падови, и јас се развивам, и покрај тоа што добив неочекуван и нефер отказ. Ќе се вратам, и тоа со уште поголем ентузијазам и самодоверба, за овие натпревари под капата на УЕФА“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ