Аталанта слави голема победа против Милан, заслужен триумф за домаќините против тимот на Пиоли.
Резултатот беше отворен во 38. минута кога Лукман погоди за водство на Аталанта од 1-0, во судиското продолжение од првиот дел, Жиру реализираше со глава за 1-1.
По десет минути игра во вториот дел Лукман постигна уште еден гол и го врати водството на Аталанта.
Следуваа неколку промашени шанси од домаќините, казната стигна во 80. минута кога по асистенција од Пулишиќ, Лука Јовиќ даде гол за 2-2.
Во третата минута од судиското продолжение капитенот на Милан, Калабрија доби втор жолт картон, Аталанта го искористи тоа и со мајсторски гол на Муриел во 95. минута дојде до победа од 3-2.