Дури 11 ракометари на Алкалоид беа дел репрезентацијата на Македонија на Мундијалот.
„Членовите на РК Алкалоид кои настапија за македонската репрезентација на Светското првенство во ракомет беа пречекани од Генералниот директор/Претседател на УО на АЛКАЛОИД АД Скопје, г. Живко Мукаетов.
На средбата г. Мукаетов им честиташе на ракометарите и на стручниот штаб за одличното претставување на Македонија на светската ракометна сцена, за нивното професионално однесување и за постигнатите резултати на Првенството. Тој ја нагласи и важноста на нивното учество како дел од националната репрезентација и нивниот придонес како членови на клубот. По тој повод тој им додели благодарници и им посака уште поголеми успеси во иднина.
РК Алкалоид на Светското првенство 2025 го претставуваа ракометарите: Марко Кизиќ, Иван Галевски, Иван Џонов, Марко Митев, Игор Ѓоргиев, Мартин Серафимов, Мартин Велковски, Александар Петковски, Никола Маркоски, Валентин Карасманакис и Марко Стојковиќ. Во стручниот штаб на националниот тим беа: селекторот Кирил Лазаров, помошникот Билјана Црвенкоска, кондицискиот тренер Петар Баснарков и физиотерапевтот Тоше Трајковски“, стои во соопштението на Алкалоид.