Пораката на Живко Мукаетов се однесуваше кон сите сегашни и идни репрезентативци, тие треба да го негуваат култот кон репрезентацијата кој е создаден од претходните генерации.
„Би сакал да кажам дека е многу важно да го задржиме оној култ за играње за репрезентацијата, бидејќи тоа е најголема чест и привилегија, да ја претставуваш сопствената држава. Затоа треба да се мобизилираме сите, да разговараме со играчите и да им го пренесеме тоа да го разберат и да доживеат – дека е светост да се игра за Македонија. Ние сме им благодарни и на Лазаров, Миркуловски, Стоилов… кои некогаш и со една нога играле за Македонија, истото го очекувам и од сегашните репрезентативци, како и од идните членови на националниот тим. Ова е смена на генерација што мораше да дојде, сметам дека имаме потенцијал, ја направивме со обезбеден континуитет од големите натпреварувања. Јас сум оптимист дека прво ќе се пласираме на ЕП, а потоа од првенство на првенство ќе растеме со квалитет“, рече Мукаетов.