На средбите, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, се разговарало за одличните билатерални односи помеѓу двете земји, можностите за нивно продлабочување, како и значењето на парламентарната демократија и институционалната соработка.
Министерот Муцунски ја поздравил иницијативата што овозможува македонскиот јазик да биде дел од образовниот систем и изразил поддршка за негово натамошно унапредување.
„Посебен акцент беше ставен и на значајната улога на македонската дијаспора како клучна врска помеѓу двете пријателски земји. Двете страни се согласија дека македонската заедница во Австралија има важен придонес во општествениот и културниот живот, а нејзината посветеност во зачувувањето на националниот идентитет претставува пример за успешна интеграција и меѓусебно почитување“, се наведува во соопштението.