вторник, 4 февруари 2025

Муцунски во Њујорк на средба со Гутереш

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски синоќа во Њујорк имал средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Муцунsки на Фејсбук објави дека на средбата со Гутереш во седиштето на ОН, ја нагласил „значајната улога на организацијата во време на комплексни глобални предизвици, како што се вооружените конфликти, кршењето на човековите права, тероризмот, насилниот екстремизам, новите технологии и климатските промени“.

Објавено на

часот

Сподели

„Во однос на Агендата 2030 и одржливите развојни цели, заеднички се согласивме дека Пактот на иднината претставува можност за зајакнување на глобалното владеење и одговор на актуелните и идните предизвици. Истакнав дека како држава остануваме подготвени да дадеме активен придонес во зајакнувањето на мултилатерализмот и унапредувањето на глобалниот дијалог. Ја реафирмирав нашата цврста посветеност на принципите на Повелбата на ОН, почитувањето на човековите права, владеењето на правото и демократијата, особено сега како членка на Советот за човекови права“, напиша Муцуснки на својот Фејсбук профил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ