недела, 20 октомври 2024
Министерот пред Унгарската дипломатска академија

Муцунски: Посветени сме на ЕУ-интеграција, но процесот треба да биде предвидлив

Долготраен е нашиот процес за пристапување на нашата држава кон ЕУ, но со децении сме посветени кон процесот и покрај бројните и големи отстапки кои македонското општество ги има направено на тој пат, кажа министеротр за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во Будимпешта, пред студентите и дипломатите од Унгарската дипломатска академија. Тој додал дека постои свесност за потребата од дополнителна работа и подобрување на состојбите, но и дека е неопходна потребна од предвидливост во процесот.

Објавено на

часот

Сподели

„Нашиот пристапен пат во суштина ја штити политиката на проширување на ЕУ, заснована на вредности и заслуги, со оглед дека ризикот од злоупотреба на нашиот случај од страна на анти-ЕУ факторите е голем“, нагласил Муцунски на темата поврзана со евроинтеграциите на земјата.

Муцунски, се вели во соопштението, ја подвлекол и суштинската важност на добрите билатерални односи помеѓу двете земји, кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи и се заблагодарил за досегашната поддршка на политички, економски и мултилатерален план.

„Иако односите се континуирано пријателски, во следниот период очекувам нова динамика како резултат на заложбата на двата премиери за воспоставување стратешка релација помеѓу двете земји“, истакна тој во обраќањето.

Министерот Муцунски им посака успех во кариерите на присутните дипломати, со оглед на тежината на професијата која ја имаат.

По обраќањето, како што информираат од МНР, следела сесија на прашања и одговори во чии рамки се говорело на теми како нелегалната миграција и безбедноста на границите, регионалната енергетска безбедност, очекувањата за идните чекори и ризици во придвижувањето кон ЕУ, како и размена на мислења за актуелните состојби во Унијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ