Во извештајот се констатира и дека слободата на изразување генерално се почитува, но дека медиумскиот пејзаж останува значително фрагментиран, вклучително и по етничка линија, цитираше Муцунски дел од извештајот.
Рејтингот за судската рамка и независност,, рече Муцунски, е намален од 3,25 на 3,00, рејтингот за корупција е намален од 3,25 на 3,00 и како резултат на тоа, оценката за демократијата на Македонија е намалена од 3,86 на 3,79.
„Тоа е во целосна спротиставеност со очекувањата на нашите граѓани, но и со неопходноста од промовирање на антикорупциските механизми и судските реформи, кои се особено важни доколку сакаме да имаме суштински напредок во нашиот процес на пристапување кон ЕУ“, рече Муцунски.
Согласно извештајот, Муцунски констатираше дека клучните забелешки на Фридом хаус се однесуваат на судството ккое и понатаму е една од најкритикуваните и најнедоверливи институции во Македонија, корупцијата која останува најголемиот предизвик на земјата, како и владеењето на правото.
„Крајно време е да се променат негативните состојби и тенденции кои за жал особено се изразени во последните неколку години и кои сериозно ја разоруваат основата на нашата правна држава. Крајно време е на граѓаните да им дадеме надеж дека Република Македонија може и мора подобро со подобро раководење, знаење, со силна волја, решителност и одговорно однесување да внесе нова енергија и ќе ги создадеме сите предуслови да отвориме нови перспективи за да ја претвориме нашата татковина во пристојна европска држава, веќе широко препознатлива по своите богати традиционални и културни вредности“, изјави Муцунски.