Како што објави словенечкото Министерство за надворешни работи на Икс, главна тема на средбата била европската перспектива на земјава.
„ Словенија е голем поддржувач на проширувањето на ЕУ. Затоа ќе се потрудиме да ви помогнеме да ги спроведете вашите обврски за исполнување на условите членство“, порачала Фајон на средбата.
Во изјава при доаѓањето на министерскиот состанок, Фајон го поздрави именувањето на поранешната македонска вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, оценувајќи дека тоа претставува признание за земјава и придонесува за поголема родова еднаквост во Алијансата.