На состанокот со претставниците на здруженијата министерот Муцунски истакнал дека лично тој, како и институциите на државата ќе застанат во одбрана на човековите права на Македонците од Егејот и ќе реагираат со сите дозволени политички средства кон меѓународните фактори како и кон институциите во Грција за „неправдата и штетата која е нанесена кон активистите на Македонците од Егејот со неоснованите забрани за влез во Грција“.
„Македонците од Егејот преку своите здруженија во претстојниот период ќе побараат прием во амбасадата на Грција, Канцеларијата на ЕУ и Хелсиншкиот Комитет во Македонија при што ќе вложат протестни писма за последните изречени забрани за влез во Грција на нивни активисти меѓу кои и координторот на здруженијата Сотир Лукровски. Ние нудиме соработка и мостови, идеи за приближувања на двата народи, но за жал наидуваме на спуштени рампи. Егејот е душата на Македонија“, истакнаа од Здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, а објавено на фејсбук страницата на Македонско патриотско здружение „В’мбел Егеј“.
.