вторник, 22 октомври 2024
Неофицијални сознанија

Му пресуди ли убиството во „Шиша бар“ на Блерим Даци кој беше ликвидиран во Приштина ?

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата во врска со овој настан трага по Гани М. кој е во бегство, а кој е сопственик на запаленото ауди, а другар на убиениот Блерим Даци. Според нашите сознанија Дритон Б. кој беше притворен неодамна и кој е во Истражниот затвор во Шутка од 31 мај годинава, бил на местото кога се купувало аудито кое подоцна беше запалено.

Автомобилот ауди неофицијално бил со потекло од Словенија, но бил увезен во Урошевац, Косово. Убијците наводно ја купиле колата од автоплац во косовскиот град.

Доказите треба да ја покажат точната поврзаност на овие две убиства.

За сега официјално се знае дека Блерим Даци од ноември минатата година му била определена мерка притвор за нелегално поседување на оружје но никогаш не бил приведен и по него е распишана меѓународна потерница.

На Даци му бил определен и куќен притвор но мерката била преиначена во ефективен, а МВР потврдило дека осомничениот ниту еден ден не ја испочитувал одлуката на судот и тој се водел дека е во бегство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ