понеделник, 3 февруари 2025

Мртва најдена жената која беше пријавена за исчезната

Без знаци на живот, вчера било пронајдено телото на 64–годишната Станика Китановска од селото Цветишница која беше пријавена за исчезната.

Објавено на

часот

Сподели

„На 02.02.2025 околу 10.30 часот во село Цветишница, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово ја пронашле почината С.К.(64) за која на 27.12.2024 година беше пријавено дека се оддалечила од нејзиниот дом“, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Специјален тим полициски службеници, според информации од семејството, го пронашло вчера нејзиното тело во долот во селото, без траги на живот. Телото не било во фаза на распаѓање, но имало траги од напади на животни.

Китановска била пријавена за исчезната на 27 декември минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ