Според пријавата, Џ.Е. (83) бил паднат на земја и имал повеќе рани по телото, најверојатно нанесени од животни.
„Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција“, наведуваат од СВР Тетово.