Во оваа асоцијација членува и Бест мобилити –НТА, македонската транспортна асоцијација која е гласот на македонски транспортни оператори, вклучени во меѓународниот патен транспорт.
На средбата, одржана неодамна во Брисел, меѓу другото станало збор и за горливиот проблем на превозниците од регионов во врска со изземање на возачите од правилото 90 дена безвизен престој во ЕУ во период од 180 дена, но и за многу други проблематични транспортни прашања.
„Делегацијата на БСЕЦ-УРТА, предводена од претседателот Едуaрт Каса, се сретна со Елисавет Воземберт, претседател на Комитетот за транспорт и туризам во Европскиот парламент и член на Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на ЕП и со Апостолос Цицикостас, европски комесар за одржлив транспорт и туризам, при што ги информираше високите претставници на ЕУ во врска со предизвиците со кои се соочува
транспортната индустрија во регионов“, вели Оливера Миовска, потпретседателка на БСЕЦ-УРТА, која инаку ја предводи македонската транспортна асоцијација Бест Мобилити – НТА.
„Притоа, јасно го аргументиравме нашиот став за изземање на возачите од општите правила за влез во ЕУ, а што е привилегија што ја имаат екипажите во поморскиот, авионскиот и железничкиот транспорт. Дискутиравме и за проблемите на границите, со акцент на граничните премини Србија – Хрватска (затварање на граничниот премин Шид), Турција – Грција (неопходно подобрување на инфраструктурните капацитети на граничниот премин Кипи), и Турција – Бугарија (дезинфекција на возила), Турција – Грција и Турција – Бугарија. Нагласивме дека ако овие проблеми продолжат, транспортната индустријата во овој дел на Европа ќе нема одржливост. Ова, иако постојат позитивни практики на зелени ленти, one-stop-shop, поедноставени постапки со AEO*, кои значително придонесуваат за забрзување на граничното преминување. Возенберг и претставниците од нејзиниот кабинет, се согласија дека визното прашање и застојот на границите се голема пречка за одржливиот транспорт. Добивме ветување дека ќе се заложи, користејќи ги нејзините ингеренции за
решавање на овие состојби и организирање на Јавно сослушување пред ЕП, каде претставник од БСЕЦ-УРТА ќе има свое обраќање. А, како претседавач на Транскомитетот, Воземберг ни даде ветување дека визите и проблемите на граничното преминување ќе ги стави високо на својата агенда и ќе се залага за итно решавање“, истакнува Миовска.
„На состанокот со еврокомесарот Цицикостас и неговиот кабинет беа претставени состојбите во транспортот и предизвиците со кои се соочуваме, при што истакнавме дека во ЕЕC системот за влез-излез во земјите на ЕУ возачите треба да бидат посебна категорија на мобилни работници, прекугранични работници, со еден збор професионални возачи и како такви да имаат посебни визи без ограничување на престој во ЕУ. Наидовме на разбирање, поддршка и ветување дека ова барање, како еврокомесар за транспорт и туризам ќе го достави до DG HOME**, под чија надлежност е визното прашање. И двајцата високи претставници од ЕУ се согласија дека возачите во патниот транспорт треба да бидат признаени како професија меѓународен возач и да имаат слични права како во другите транспортни видови: железничкиот, бродскиот и авионскиот, во однос на патувањето и престојот на територијата на ЕУ“, наведува Миовска.
„Пораката од овие средби, што во почетокот на неделава ја пренесовме и до нашето Министерство за транспорт, e јасна и дава оптимизам за остварување на нашата цел. Верувам дека напорите направени од делегацијата на БСЕЦ-УРТА ќе доведат до значајни промени во однос на олеснување на граничното преминување и признавањето на професијата меѓународен возач и на меѓународниот транспорт воопшто“, додава Миовска.