сабота, 22 февруари 2025

Можен договор на Кина и САД за царините

Потпретседателот на кинеската влада Хе Лифенг денес за време на телефонски разговор со министерот за финансии на САД Скот Бесент изрази “сериозна загриженост“ на својата држава поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување дополнителни царини на увозот од Кина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Од почетокот на својот мандат во јануари американскиот претседател ги користи царините како главно средство за намалување на големиот трговски дефицит на САД.

Тој на почетокот на февруари воведе дополнителни 10 отсто царини на сите производи од Кина која има најголем трговски суфицит со САД во областа на робата, од 295,4 милијарди долари во 2024 година, според американското министерство за финансии.

Како одговор на американската мерка, Пекинг воведе 15 отсто царини на американскиот јаглен и природниот течен гас, а 10 отсто на нафтата и другата американска роба како земјоделските машини и возилата.

Меѓутоа, тие мерки се пропорционално многу помали отколку американските воведени на Кина.

Во средата Трамп оцени дека е „можен трговски договор“ со Кина, а кинеска ЦЦТВ денес пренесе дека „двете страни размениле мислења за можен консензус“.

Според кинеската телевизија, во телефонскиот разговор на барање на двајцата функционери се укажало на значење на економските и трговските односи на Кина и САД и се сложиле да ја продолжат комуникацијата за прашањата кои ги загрижуваат двете страни.

На прашањето за изјавите на Трамп, портпаролот на министерството за надворешни работи на Кина Гуо Џајкун повика на намалување на тензиите и им кажа на новинарите дека „нема победник во трговските и царинските војни кои само им штетат на народите на целиот свет“.

Кина и САД би требало своите проблеми да ги решат „со дијалог и консултации засновани на еднаквост и заемна почит“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ