среда, 25 декември 2024

Москва: Неколку земји сакаат да бидат домаќин на состанокот на Путин и Трамп

Москва доби понуди од неколку држави да бидат домаќин на преговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, соопшти помошникот на рускиот лидер Јуриј Ушаков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека веќе стигнале неколку предлози од разни земји.

„Нема да кажам кои се тие земји. Но такви предлози се давани и се даваат“, кажа тој одговарајќи на прашањето дали унгарскиот премиер Виктор Орбан и словачкиот премиер Роберт Фицо ги предложиле своите земји како платформа за преговорите на Путин и Трамп.

Трамп во неделата порача дека се радува на состанокот со Путин за да се реши конфликтот во Украина.

„Претседателот Путин кажа дека сака да се сретне со мене што е можно побрзо. Ќе го причекаме тоа, но мораме да ставиме крај на таа војна“, кажа Трамп во Аризона.

Претседателот на Русија на 19 декември изјави дека е спремен за разговор и состанок со Трамп, истакнувајќи дека, ако дојде до таква средба, двајцата лидери ќе имаат за што да разговараат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ