недела, 15 декември 2024

Моника Зајкова избрана за претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа

Моника Зајкова, претседателката на Либерално демократската партија (ЛДП) е избрана за нов претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа (ЛИБСЕЕН) -регионална политичка алијанса која ги обединува либералните партии од Југоисточна Европа.

Објавено на

часот

Сподели

Од ЛДП велат дека овој избор е афирмација за силната положбата на Либерално Демократската Партија и претседателката Зајкова во меѓународното либерално семејство, заложбите на ЛДП за брзо и успешно завршување на евроинтегративниот процес на нашата државата, како и потврда за меѓународната поддршка на Европските либерали за полноправно членство на Македонија во Европската унија.

ЛИБСЕЕН е платформа која овозможува да се обединат либералните сили во регионот односно платформа која покажува дека соработка меѓу партиите може да донесе реални промени. Примери се иницијативата за поддршка на младите претприемачи и промоција на зелени политики, иницијативата „роам лајк хоум“ со која се намалуваат цените за роаминг услугите, како и  заеднички активности преку кои бараме поддршка од ЕУ за посолен граѓански сектор и иницијативи кои ги поттикнуваат европските вредности.

Конференцијата „Quo Vadis Europa 2024?  се организира на годишнината од завршувањето на скрининг процесот со кој се заврши техничкиот дел пред формалното отворање на кластерите во процесот на преговори за членство на Македонија во Европската Унија.  Во текот на денешниот ден покрај претседателката на ЛДП Моника Зајкова,  на учесниците ќе им се обрати и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи на Република Северна Македонија. Исто така ќе бидат организирани и два панели на тема „Регион кој брзо се вооружува: Европска одбранбена перспектива“ и „Осврт на глобалните конкурентни наративи: Дали ЕУ сè уште е привлечна?“. На панелите ќе се обратат високи претставници од ЕУ, либерални политичари од регионот, како и претставници на големите либерални партии од Европа.

Од ЛДП информираат дека конференцијата „Quo Vadis Europa 2024? – Следни чекори во европската интеграција и проширувањето на ЕУ“ има за цел да поттикне отворена дискусија за иднината на Европската Унија и улогата на Западен Балкан во процесот на проширување. Истовремено преку неа се дава и поддршка на ЛДП за забрзување на процесот на евроинтеграциите на Македонија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ