Во последниот натпревар од 25. коло во Серија А, Монца издвојува историска победа и за прв пат се радуваше на триумф во пресметките со Милан.
Песина од пенал во 45. минута најави изненадување, а длабоко во судиското надополнување на првиот дел, Дани Мота зголеми на 2-0.
Лука Јовиќ во 53. минута доби директен црвен, но и со играч помалку, Милан успеа да се врати, Жиру намали на 2-1 во 64. минута, а Пулишиќ изедначи на 2-2 во 88. минута.
Сепак, домаќините зададоа нов удар, Бондо во 90. минута ги врати во предност од 3-2, а во 95. минута, Коломбо ја потврди победата и конечните 4-2.
По крајот на натпреварот, тренерот Паладино рече: „Оваа победа е за нашиот голем претседател Силвио Берлускони, сигурно ќе беше многу среќен од борбата што ја прикажаа момците против „неговиот“ Милан“.
„Навистина сме среќни, но не смееме да летаме во облаци и треба да продожиме да бележиме прогрес“.