Макрон, го изјави ова пред ремек-делото на италијанскиот сликар во музејот и побара од министерката за култура Рашида Дати да „подготви план за повисоки цени за странските посетители од европските земји кои не се членки на Европската Унија“.
Францускиот претседател додаде дека повисоките цени треба да бидат од 1 јануари 2026 година.
Според него, реновираниот Лувр ќе има за цел да прими околу „12 милиони посетители годишно“ во споредба со околу девет милиони во 2024 година.
Макрон најави и отворање на нов влез во Лувр со цел да се намали гужвата во стаклената пирамида, а изградбата на новиот влез целосно ќе ја финансира самиот музеј од сопствени средства.
Францускиот претседател го нарече проектот „Новата ренесанса на Лувр“, и додаде дека ќе биде објавен конкурс за архитекти и дека новиот влез ќе биде отворен „најдоцна до 2031 година“.
Во неодамнешното писмо упатено до министерот за култура, претседателот и директорот на Лувр, Лоренс де Кар, се наведуваат зголемен број на различни дефекти во просториите на музејот, застареност на техничката опрема, како и загрижувачки температурни промени кои ја загрозуваат состојба на конзервација на уметнички дела.
Во писмото директорот на Лувр ја споменува и стаклената пирамида, изградена во 1988 година, која е застарена и дизајнирана да прими четири милиони посетители годишно, но минатата година примила речиси девет милиони луѓе, пред пандемијата на корона вирусот до десет милиони луѓе.
Меѓу останатите забелешки се и недостаток на простор за угостителство, како и тоалети кои не ги исполнуваат меѓународните стандарди.