петок, 18 октомври 2024

Момците од Некст тајмс ќе го промовираат рено аустрал во Македонија (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Момците од бендот Некст тајм ќе го промовираат најдоброто од хибридната технологија на францускиот производител во согласност со новата глобална стратегија за промовирање на 100% електричниот опсег на електричната технологија на Рено, Е-тек.

некст-тајм

„Новиот рено аустрал нè освои со неговата целосна убавина, комфортност и прилично добра економичност на трошење. Ние како уметници имаме многу патувања и настапи и потребно беше да имаме возило што ги исполнува сите услови што ги бара едно патување. Надворешниот дизајн на аустрал според нас е донесен до перфекција како и ентериерот кој е доведен до совршенство. Навигацијата што е исклучително важна за луѓе кои често патуваат е според нас перфектна. Задоволство е да се соработува со компанијата Аутомотив груп како генерален увозник на марката, изјави Мартин Филиповски.

некст-тајм

Рено почна амбициозна трансформација за генерирање вредност преку електрификацијата на својата понуда на производи.

Преку неговиот дизајн, приспособувањето на моторот и другите карактеристики, целосно новиот аустрал ги истакнува силните страни на Рено во производството и технологијата – 100% Хибрид без потреба од полнач на струја, силуетата на целосно новиот аустрал е видливо спортска во верзијата „еспри алпин, прв модел во гамата на Рено што ги користи сите предности на новата ЦМФ-ЦД платформа на групацијата, мултимедијален систем Опенер – 774 cm2 интуитивна технологија, врвен звук на Харман Кардон технологија со опкружувачки звук со 12 звучници, купувачите можат да изберат од новиот Е-тек хибрид мотор (до 200 коњски сили), нов благо хибриден напреден мотор мотор (130 КС) или благо хибриден мотор (140 КС или 160 КС). Сите овие опции доаѓаат со технологија за електрификација и еколошки карактеристики дизајнирани за максимална енергетска ефикасност, комбинирајќи уживање во возењето со намалена потрошувачка и емисија на јаглерод диоксид, напредна технологија на погон и контрола на сите тркала во свиоци и 32 напредни системи за помош на возачот (ADAS), порачуваат од Аутомотив груп.

некст-тајм

Стратегијата, интегритетот и стандардите кон кои стреми бендот Некст тајм комплетно соодетствуваат со целосно новиот аустрал кросовер кој одговара на постојано растечката побарувачка за патување без ограничувања, истовремено заштитувајќи ја животната средина.

некст-тајм

Моделот аустрал e веќе изложен во салонот на Рено со промотивна цена од 29.450 евра и е достапен за тест возење.

Повеќе детали за моделот може да најдете тука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ