Според полицијата, во инцидентот што се случил околу 14 часот, близу војводинскиот град Рума, нема повредени, бидејќи во близина на погодената зграда нема станбени згради.
Според неофицијални информации, уапсено е 25-годишно лице кое претходниот ден било пуштено од невропсихијатриско лекување.
„Утврдено е дека гори пожар во старата, напуштена зграда на станицата. Веднаш биле повикани пожарникари кои брзо го локализирале, а потоа го изгаснале пожарот“, пишува весникот Блиц, наведувајќи дека е причинета поголема материјална штета.
П.Н. е осомничен за недозволено производство, чување, носење и тргување со оружје и експлозивни материи и за тешко дело против општата безбедност и во врска со предизвикување општа опасност.
Нему му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен пред обвинителството.