четврток, 30 јануари 2025

Момче од велешкото село Бузалково се заканувал на комисија за возачки испит

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 10:10 часот, го лишиле од слобода 21 годишниот А.К. од село Бузалково, велешко, постапувајќи по претходна пријава дека, поради незадоволство од резултат од полагање на возачки испит, се заканувал на Д.Р.(62) од Прилеп, претседател на испитна комисија и на М.К. од Кавадарци, испитувач во испитниот центар.

Објавено на

часот

Сподели

Како што попладнево информираат од СВР Велес, А.К. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ