Момците на Кире Лазаров одиграа исклучително ефикасен натпревар, повторно го дадоа максимумот, речиси и да немаа поголем пад во сите 60 минути и на крајот сосема заслужено ја израдуваа нацијата со голем триумф.
Македонија ја имаше контролата во текот на целиот меч. Во првото полувреме дојдовме и до шест голови разлика беше 20-14. На одморот заминавме со 21-17.
Во вториот дел не само што ја одржувавме предноста, туку и ја зголемувавме, лесно без драма го приведовме мечот до крајот за победа од 39-34.
Пешевски и Кузмановски постигнаа по шест голови, Костески и Митев дадоа по пет. Кизиќ имаше девет одбрани. Во составот на Катар убедливо најдобар беше Карол кој постигна 12 голови.
Следниот натпревар на Македонија е во сабота против Франција со почеток од 20:30 часот.