среда, 23 октомври 2024

Моќен почеток на македонските кадети на ЕП Б-дивизија во Скопје

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години со триумф од 96-68 над Украина го почна Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

По фантастичниот успех на селекцијата до 18 години која го освои ЕП Б-дивизија кое исто така се играше во Скопје, од денеска таков турнир во својата возрасна група почнува и македонската репрезентација до 16 години.

Момчињата на селекторото Александар Јованчев уште од самиот почеток тргнаа фуриозно, по првите десет минути предноста за Македонија беше двојна, 28-14. Во ист стил го продолживме целиот меч и на крајот славевме со 96-68.

Најефикасен во нашата селекција беше Цветковски со 22 поени, Данев запиша дабл-дабл со 14 поени и 11 скокови. Терзиевски даде 11 поени, а Ефтимовски и Стојановски по 10.

Македонија го игра следниот меч против Шведска на 10 август од 18.30 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ