четврток, 12 декември 2024

МНР потврди: Македонци на возраст од 30 до 33 години загинаа во сообраќајка во Италија

Објавено на

часот

Сподели

„Амбасадата во Рим, како и Генералниот конзулат во Венеција се во директен контакт со надлежните институции на Италија, од каде е добиена усна потврда за починатите наши државјани, како и за нивните податоци. Се работи за З.С. – 33 години од Македонска Каменица, А.К. – 31 година од селото Саса, како и В.И. – 30 години од село Пекљани, Виничко“, стои во соопштението на МНР. 

Оттаму додаваат дека претставниците на Конзулатот и Амбасадата веќе се во контакт со дел од семејствата на починатите, и ќе бидат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Италија. 

„Иако поради велигденските празници комуникацијата со италијанските служби се одвива забавено, нашите дипломатски претставништва остануваат во комуникација со цел прибирање дополнителни информации за деталите околу сообраќајната несреќа, податоци за починатите, како и во делот на обезбедување писмена потврда за сите детали од несреќата“, наведува МНР. 

Во соопштението се додава дека на располагање се дежурните телефони на – Генералниот конзулат во Венеција +39 327 935 1698, Амбасадата во Рим +39 351 336 3919, како и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075 273 732. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ