„Дигитализацијата овозможува полесен пристап до информации, подобрување на јавните услуги, поголема транспарентност и поефикасна комуникација помеѓу институциите, бизнис секторот и граѓаните. Со неа работиме и на зајакнување на дигиталната писменост и прилагодување кон новите глобални предизвици“, рече министерот Перински.
Тој додаде дека дигитализацијата на општинските и административните служби претставува клучен чекор кон потранспарентна, побрза и поефикасна администрација, па во таа насока, додаде, како министерство веќе преземаат конкретни мерки за дигитализација на услугите.