сабота, 27 јули 2024

МНР доби потврда дека на аеродромот во Франкфурт има обрасци на македонски јазик

Министерството за надворешни работи преку дипломатско-конзуларните претставништва во Сојузна Република Германија оствари контакт со надлежните институции на Германија и надлежните аеродромски служби, при што од нивна страна доби потврда дека постојат соодветни обрасци на македонски јазик во наведениот аеродром, се вели во одговорот на МНР на прашањето на МКД.мк за изјавите на патници од Македонија за немање обрасци на македонски јазик.

Објавено на

часот

Сподели

Воедно, oд МНР ги замолуваат нашите државјани во случај да се соочат со евентуален недостаток, да пријават на аеродромските служби и на нашите дипломатски и конзуларни претставништва во Берлин, Бон или Минхен.

Денеска, државјанка на Македонија на аеродромот Франкфурт Хан не доби формулар за пречекорување на престој во ЕУ на македонски јазик. Службениците ѝ рекле дека тие знаеле дека албански е службен јазик во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ