„Активностите се дел од проект за млади на нашето друштво, во рамките на Еразмус + програмата. Вчера имавме завршни активности во НВО Инфо центарот во Кавадарци. Партнери во проектот се ‘Еко – живот’, ‘Адел’ од Словачка и ‘Креактив’ од Полска“, додаде Паризов.
Тој нагласи дека со реупотребата на текстил и храна, се намалува отпадот и превентивно се влијае врз зачувувањето на чиста и здрава животна средина.