недела, 22 декември 2024
Вечерва од Кавадарци

Младите и жените се тие кои ги носат вистинските, позитивните промени во општеството, порача Грковска

Објавено на

часот

Сподели

„Заради тоа што ние сите сакаме да живееме во општество што има ред, што функционира подобро, каде секој граѓанин е почитуван, вреднуван на вистински начин, каде правото и правдата се применуваат подеднакво за сите, без разлика на тоа за кого се однесува, дали за политичар, дали за бизнисмен, дали за некој кој воопшто нема никаков општествен статус и едноставно сака да види политичари и функционери, меѓутоа и вработени во јавната администрација, кои си ја вршат работата и професионално и со интегритет, водени од тоа што е добро за сите граѓани во државата, а не од личен интерес“, рече Грковска. 

И меѓу другото, додаде, воведувањето и подобрувањето на политиките за добро владеење, имаат функција да ги подобрат внатрешните процеси во општеството и да покажат дека можеме и многу подобро и многу поуспешно, заради тоа што имаме одлични луѓе на позиции, коишто си ја работат работата со интегритет и треба да бидат вистински рол-модел за младите.

„Јас секогаш велам дека младите и жените се тие кои ги носат вистинските, позитивните промени во општеството и заради тоа заради потребата да се направи драстична промена, започнавме една кампања уште минатата година, што се вика „Зависи од мене и од тебе“, затоа што бев загрижена прво како граѓанин од генералната апатија што владее кај нас во општеството, особено меѓу младите, што е една од причините заради што тие се одлучуваат да ја напуштат државата. Оваа кампања, „Зависи од мене и од тебе“ ја направивме со редовни средби со младите за да ги отвориме прашањата за тоа што значи интегритет, кои се вистинските рол-модели за младите во општеството, што е тоа корупција, како младите би можеле да бидат нашите партнери во градењето подобро општество, општество што ќе биде многу поотпорно на корупција“, рече Грковска.

Да зборуваме, нагласи, за двојните стандарди и колку во суштина тие што сите ние ги имаме во нас, придонесуваат сами да си го рушиме системот од внатре.

„Заради тоа што најчесто нели нас ни е така да наречам, национален спорт, додека разговараме, да кажуваме како другите треба нешто да направат, како другите би било подобро да го направат тоа што го прават, меѓутоа кога ќе дојде прашањето за нашата одговорност, слична одговорност и тоа како ние ги работиме работите и како кога би се ставиле во улогата на друг, како би изреагирале, тогаш и не секогаш го правиме тоа за што сме спремни да кажеме дека другите би требало да го направат на таков начин“, подвлече Грковска. 

И тоа е главната порака што сакам да ја упатам: „треба да бидеме борци, да не се откажуваме, да не потклекнуваме ни на притисоци, ни на закани, ни на какви било надворешни влијанија, доколку сметаме дека тоа што го работиме е искрено, чесно, во функција на сите и за подобро на општеството каде живееме“.  

„Многу е важно да имате цел, можеби не е најважно секогаш да бидете на врвот, но многу е важно да имате цел кон што ќе се стремите. И многу е важно да знаете од каде доаѓате“, порача Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија.

Серијата јавни настани која е насловена „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ