Страшниот момент се случил на меч од петтата италијанска лига. Откако Џани паднал, лекарските екипи веднаш реагирале, брзо бил однесен во болница, но не можеле да го спасат момчето.
„За жал, добив страшни вести. Матија не преживеа. Едвај можам да најдам зборови да ја опишам оваа трагедија. Голема болка. Можеме само да понудиме утешни зборови за семејството и клубот. Нека почива во мир“, се огласи градоначалникот на регионот Кастелфиорентина, Алесио Фалорни.
Матија Џани имаше само 26 години.