понеделник, 30 декември 2024

Митева даде оставка на пратеничката позиција

Веднаш по моето именување за портпарол на Владата поднесов писмена неотповиклива оставка од позицијата пратеник и формално правно, јас ниту извршувам две именувани позиции истовремено ниту имам законска можност истото да го правам, напиша на својот фејсбук-профил Марија Митева по реакциите дека не може истовремено да врши две функции, една во законодавниот дом и една во Владата.

Објавено на

часот

Сподели

„Ја следам состојбата со реакциите за мое наводно извршување на две именувани позиции и се чувствувам должна за истото да дадам одговор и мој личен, но истoвремено правно поткрепен став по истото и тоа од два аспекти.

Прво и најважно е формалниот правен аспект кој во ниеден случај не е заобиколен, затоа што јас лично вчера веднаш по моето именување за портпарол на Владата поднесов писмена неотповиклива оставка од позицијата пратеник и формално правно, јас ниту извршувам две именувани позиции истовремено ниту имам законска можност истото да го правам. Воедно, истото го темелам согласно одредбите од Законот за пратеници член 8 став 3 кој вели, цитирам: ‘Мандатот на пратеникот му престанува со денот на настануваьето на случаите од ставот 1 точки 2, 3, 4, 5 и 6 на овој член, што Собранието го констатира на првата наредна седница’. А, во ставот 1 точка 3 се вели дека, повторно цитирам: ‘На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран, ако настапи случај на неспоивост на функцијата’.

Тоа јасно укажува дека мене мандатот ми е престанат, а Собранието на следната седница истото треба само да го констатира.

Исто така, со поднесената оставка се подразбира дека до одржување на седницата нема да учествувам во работата на Собранието, а професионално ќе ја обавувам позицијата портпарол на Влада.

Вториот аспект, кој секогаш сум го промовирала е моралниот, со кој не ги обавувам позициите пратеник и портпарол на политичка партија, туку од денес настапувам од позиција Портпарол на Владата, со транспарентност и отчетност пред сите граѓани и така ќе продолжам и во иднина“, напиша таа.
На нејзино место за нов пратеник ќе дојде Катерина Димитровска од ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ