Македонката загуби од домашната каратистка Сгардели со убедливи 8-0 на поени. Сепак среброто е најголемиот успех за Македонија на ова Европско првенство.
Мишовска е единствената натпреварувачка од Македонија која освои медал на ЕП во Задар.
Петар Заборски имаше шанса да се бори за бронзен медал, но на крајот го освои петтото место во својата кариегорија. Тој беше поразен од Дуарте од Португалија.
Македонските ката тимови и во двете конкуренција го освоија 7. место.