среда, 12 февруари 2025

Мисајловски на Советот на НАТО во Брисел – министрите за одбрана расправаат за зацврстување на способноста на Алијансата

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска и утре во Брисел ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво на министри за одбрана. Како што најавија од Министерството за одбрана, денеска министерот Мисајловски ќе учествува на состанокот на контакт-групата за Украина, прв пат предводена од Обединетото Кралство.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на утрешниот ден, министерот Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО, каде ќе стане збор за широка лепеза на теми од зацврстувањето на одбраната и одвраќањето на Алијансата и целите на способности, до инвестициите во одбраната и засилување на одбранбената индустрија.

Како што се наведува во соопштението од МО, состаноците ќе завршат со неформален состанок на Советот на НАТО – Украина, на кој освен сојузниците учество ќе земе и високата претставничка на Европската Унија, Каја Калас.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ