среда, 19 февруари 2025

Мисајловски и Тошковски за безбедноста на конференцијата во Минхен

Aктуелните политики во однос на регионалната и глобалната безбедност беа темите на разговорите на министрите за одбрана и за внатрешни работи Владо Мисајловски и Панче Тошковски на Бебзедносната конференција за безбедност во Минхен.

Објавено на

часот

Сподели

„Безбедноста е темел на стабилна држава! Во услови на нови глобални закани, Македонија мора да биде активен учесник во меѓународниот дијалог. Нашата улога во НАТО, регионалната стабилност и борбата против транснационалниот организирани криминал се клучни не само за нас, туку и за европскиот безбедносен систем. Силна Македонија на меѓународната сцена! Нашето присуство тука покажува дека Македонија не е само набљудувач, туку активен учесник, држава со визија и јасни позиции. Се бориме за заслуженото место во Европа и за безбедна, стабилна и перспективна иднина за сите граѓани“, изјави министерот Тошковски.

Министерот Мисајловски имаше средба со заменик помошникот секретар за одбрана на САД, Дејвид Бејкер, со кого разговарал за актуелните политики во однос на регионалната и глобалната безбедност и за модернизацијата и опремувањето на македонската Армија.

„Од страна на Бејкер беше истакнат македнскиот придонес во поглед на безбедноста на балканскиот регион и источното крило на НАТО. Мисајловски присуствуваше и на средбата со премиерите на македонската и хрватската влада, Христијан Мицкоски и Андреј Пленковиќ, на која се разговараше за развојот на меѓусебната севкупна соработка и поддршка во контекст на проширувањето на Европската Унија и влијанието на безбедноста на Балканот за континуиран развој на државите од овој регион“, наведува МО во соопштението.

Денеска Мисајловски учествува на работниот ручек на покана на својот германски колега, Борис Писториус, и ќе учествува на сесијата посветена на новите политики на американската администрација, на покана на Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот на САД, за специјални мисии.

Минхенската безбедносна конференција е годишна конференција на која учествуваат лидери и носители на одлуки од целиот свет и на која се водат дебати за прашања во однос на меѓународната безбедносна политика.  Целта на оваа безбедносна конференција е воспоставување дијалог и градење доверба со цел мирно решавање на конфликтите, наведува Министерството за одбрана.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ