Во режија на Харис Пасовиќ, еден од највлијателните драматурзи и режисери во Југоисточна Европа, претставата на Сараевскиот народен театар „Марлен Дитрих – пет точки од обвинението“ ја имаше својата меѓународна премиера на италијанскиот фестивал Mittelfest.
Уметноста не може да биде удобна и сигурна. Ако си уметник, мораш да се изложуваш, да одиш подалеку од другите. Марлен Дитрих беше таков уметник.
А, таква е и оваа претстава.
Влезниците ќе бидат во продажба од понеделник, онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од: 1.500 денари и ВИП – 2.000 денари.