75-годишниот Нил Ворнок се одлучи да му се врати на фудбалот откако на негов адреса пристигна понуда од Абердин.
„Нил Ворнок е именуван за тренер до крајот на сезоната“, соопшти Абердин.
Тренерската кариера на Ворнок трае повеќе од 40 години, тој бил тренер на речиси 2.000 натпревари, најмногу во историјата на англискиот фудбал.
Водеше екипи како Шефилд јунајтед, Лидс, Кристал Палас, Мидлсброу, КПР, а ова за него ќе биде прво искуство во Шкотска.