Седницата ќе биде отворена за јавност, на неа ќе бидат повикани сведоци, а Џафери може и претходно да се изјасни за наводите против него.
Одлуката ќе биде донесена со гласање на комисијата, каде соодносот е пет спрема четири за власта. На снимката која беше објавена јавно се слуша како Џафери недолично се обраќа кон вработени од службата по завршување на седница.
Пратеникот од НСДП Горан Мисоски и потпретседател на Собранието, вели дека Талат Џафери е најдобар претседател на Собранието досега. За него овој случај е политичка пресметка.
Џафери засега молчи за снимката.