Изложбата е отворена по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, и е плод на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, а го симболизира поврзувањето на две традиции, две култури и два народи преку јазикот на уметноста.
Како што кажа министерот Љутков на отварањето, ние овдека не го промовираме само македоснкото сликарството туку и нашиот туризам.
„За нас е многу важно што ја промовираме сопствената култура надвор од границата на нашата земја. Со Србија секогаш сме имале одлични односи и во делот на културата и ова е многу значајно затоа што има еден вид развој и на туризмот, бидејќи овдека не го промовираме само македонското сликарство, туку го промовираме и македонското вино и Вевчани како туристичка дестинација. Овдека во Белград доста се говореше за капацитетите што ги има Вевчани. Ова е знак дека туризмот се повеќе ќе се развива, особено на вакви настани што ги обединува виното, сликарството и туризмот“, изјави Љутков.
Оваа изложба не само што претставува индивидуални изрази, туку создава заедничка нишка, мост помеѓу различните перспективи и визии на уметниците од Македонија и Србија.
Изложбата, се одржува во соработка со Министерството за култура на Република Северна Македонија, Амбасадата на Северна Македонија во Белград и Националниот совет на македонското малцинство во Србија и нејзина цел е создавање мостови на поврзување на уметниците и продлабочување на пријателството меѓу двете земји.
„Ваквите изложби се многу драгоцени зато што тие, културната размена, културната соработка помеѓу двете култури и двата народи и државите ја чинат непрекидна, ја чинат постојано жива и моја искрена желба е што повеќе да имаме вакви културни настани и во Белград и во Скопје, и во Нови Сад и во Битола и во други градови во двете држави. Со ова ја покажуваме блискоста на нашите две култури и дека едни на други навистина сме си најблиски, што покажува уметноста, каде луѓето ги покажуваат своите емоции на најдобар можен начин“, изјави српскиот министер за култура Никола Селаковиќ.
На отваањето на излоижбата присуствуваа преставници на дипломатскиот кор во Белград, бројни видни македонци во Србија и љубители на уметноста од Белград.