петок, 18 октомври 2024

Министерството за правда сè уште не е известено за апсењето на косовски државјанин, пoранешен припадник на УЧК

„Министерството за правда до овој момент не е известена од ниту една институција дека е уапсено лицето Блерим Рамадани. Кога ќе имаме каква било информација, ќе ве известиме“, одговорија од министерството на прашањето на МКД.мк дали ќе почне процедура согласно барањето на српски Интерпол за предавање на Блерим Рамадани, поранешен припадник на косовската УЧК на властите во Србија. Во меѓувреме, уапсеното лице е предадено на СВР Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Во меѓувреме, МВР ја потврди веста дека на граничниот премин Јажинце, на влез во државата, вчера во 16 часот полициски службеници го лишиле од слобода Б.Р.(47) од Косово, затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка – апси, по барање на Интерпол Србија.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.

Претходно, Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово синоќа соопштило дека е информирано за апсењето на косовскиот државјанин од страна на полицијата на Македонија, врз основа на потерница издадена од Србија.

Од косовското МНР информираа дека станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во оперативната зона Неродиме.

„Нашиот амбасадор во Северна Македонија, г. (Фљориан) Ќехаја, интензивно се залага за решавање на овој случај и како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на г. Рамадани. МНР ќе ја информира јавноста за натамошниот развој на настаните во врска со овој случај“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ